Министерството за финансии ги информира производителите на тутун дека исплатата на субвенциите за тутунот ќе започне на 17 мај, 2010 година. Cе очекува износот на средства субвенции за тутунарите годинава да достигне 1,39 милијарди денари (22,6 милиони евра). Средствата за исплата на субвенциите за тутун за 2010 година се во целост обезбедни во буџетот на 2010 година. Во текот на следните неколку дена Министерството за финансии ќе врши прием и обработка на налозите доставени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието по што ќе пристапи кон реализација на истите.
Министерството за финансии ги информира производителите на тутун дека исплатата на субвенциите за тутунот ќе започне на 17 мај, 2010 година.
Како што соопшти денеска министерството за финансии, се очекува износот на средства субвенции за тутунарите годинава да достигне 1,39 милијарди денари (22,6 милиони евра).
Средствата за исплата на субвенциите за тутун за 2010 година се во целост обезбедни во буџетот на 2010 година, се наведува во соопштението.
Во текот на следните неколку дена Министерството за финансии ќе врши прием и обработка на налозите доставени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието по што ќе пристапи кон реализација на истите.